Home Живот и здравје Содома и Гомора преку „Подем на гревот“: „Грев, блуд и разврат“ на скопската модна сцена

Содома и Гомора преку „Подем на гревот“: „Грев, блуд и разврат“ на скопската модна сцена

„Подем на гревот“ од Андреј Папаз Ѓоргиевски е модната колекција со чија презентација изминатиот викенд, во хотелот Мериот, беше отворен Fashion Weekend Skopje.

Колекцијата на Папаз несомнено е нешто што нема да ве остави рамнодушни. На модната писта имавме можност да погледнеме ревија инспирирана од библиските Содома и Гомора и она што се крие зад нив – грев, блуд, разврат.

„Подем на гревот“ достојно си го носи името, совршено интригира и буди љубопитност.

Kолекцијата ја отсликува внатрешната потреба за препуштање кон задоволството, истражување на сексуалноста и целосно ослободување.

Деталите од Блискиот Исток само ја надополнуваат приказната изработена од еко кожа, жоржет, штоф и чоја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто жените чувствуваат болка во градите за време на менструација

Зошто жените чувствуваат болка во градите за време на менструација Болка во градите е симп…