Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Координацијата за Комисијата за прашања на изборите и именувањата е одложена за утре во 11 часот.
На денешното продолжение на координативната седница партиските претставници требаше да договорат кој ќе биде претседател на Комисијата. Изборот на претседател на Комисијата е предуслов за закажување продолжение на Конститутивната собраниска седница, на која треба да се избере претседател на Собранието.
На вчерашната координација беше договорен составот на Комисијата, односно ВМРО ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА да бидат застапени со по еден чен.
По вчерашната координација, од СДСМ изјавија дека нема да прифатат на чело на Комисијата да има пратеник на ВМРО ДПМНЕ, од ВМРО ДПМНЕ пак велат дека тие се најголема пратеничка група и претседателот треба да е од нивните редови. И на денешната координација партиите си останале на своите ставови.