Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За сума од 60.000 евра македонското Собрание ќе го подновува својот возен парк со нови лимузини.
3,5 милиони денари или 60 илјади евра е сумата која Собранието ја издвојува за да купи четири нови возила а според договорот објавен на сајтот за јавни набавки ќе се набавуваат лимузини – хечбек на бензин.
Главен критериум според наведеното е најниска цена. Пред околу еден месец Собранието купи две лимузини седан, марка FORD Mondeo Trend, кои чинат 50.000 евра.