Home Актуелно Собранието изгласа разрешување на Фадил Зендели од Комисијата за избори и именувања

Собранието изгласа разрешување на Фадил Зендели од Комисијата за избори и именувања

Со 61 глас „За“ и без да гласаат пратениците од опозицијата, Собранието го разреши Фадил Зендели од функцијата член на Комисијата за Избори и именувања.

Расправата по оваа точка која траеше скоро три дена и денеска се одвиваше во насока на меѓусебни обвинувања, аплаузи и довикувања на релација власт опозиција.

По тридневната дебата на крајот опозицијата откако ги изнесе своите ставови против оваа одлука го ја напушти седницата за време на гласањето.

За власта пак опозициската ВМРО-ДПМНЕ постапувала лицемерно и ги штитела само партиските интереси.

Со разрешувањето на Зендели власта вели е одблокирана комисијата за избори и именувања на која треба да се гласаат уставните судии но најпрвин ќе треба да се избере нов член кој би го одразил соодносот власт опозиција во законодавниот дом.

Уставниот суд изминатиов период беше во преполовен состав односно работеше со 5 од вкупно 10 судии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…