Собранието го усвои Законот за спречување корупција и судир на интереси


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Владејачките и опозициските пратеници во македонскиот Парламент со 81 глас за и ниту еден против го изгласаа Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

20 од вкупно 40 амандмани на ВМРО ДПМНЕ беа прифатени од владејачкото мнозинство, со што се постигна договор за донесување на законот со европско знаменце по скратена постапка. Со новиот закон, антикорупционерите ќе добијат повеќе ингеренци. Ќе имаат увид во бакнарските сметки на функционерите, ќе се врши ревизија на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи, но ќе можат да поднесуваат и постапки пред надлежните органи преку нивните ревизорски извештаи.

Ново во законот е и тоа што физички лица нема да имаат можност да пријавуваат криминално работење на антикорупционерите – тоа ќе можат да го сторат само политички партии, државни институции и граѓански здруженија. Со амандманите беше скратен и мандатот на антикорупционерите, укинато им е правото на реизбор и на функција ќе можат да останат само пет години.

Помина речиси една година откако антикорупционерите ја напуштија комисијата поради скандалот со патните трошоци, кога незаконски си инкасирале пари на свои сметки а воопшто не оддржувале седници. Оттогаш, сите претставки упатени до комисијата, стојат во фиока и никој не постапува по нив. Игор Тантуровски, Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, Најдо Спасевски, Сузана Таскова Аџикотарева и Сејди Халили се антикорупционерите кои дадоа оставки во март минатата година. Овој состав на комисјката се соочуваше со остри критики од јавноста и претходно поради пасивниостра во работата.

Во периодот од година дена без антикорупциска, имаше корупциски скандали кои останаа под знак прашалник. Повеќето од нив беа поврзани со Фондот за иновации, кога членови од потесните семејства на функционери добиваа државни грантови. Во препораките од Прибе пак, борбата со корупцијата беше една од најважните забелешки во областа на владеење на правото. Откако пратениците постигнаа договор, новите седум членови на антикорупциската комисија ќе се бираат пред распишување на претседателските избори, а своите кандидатури ќе ги презентираат на собраниска седница пред пратениците.