Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со 68 гласа „за“ и без ниту еден „против“ поради тоа што пратениците на опозицијата не гласаа, во македонското Собрание беа изгласани заклучоците со коишто на Владата ѝ се дава насока и се задолжува за што може, а за што не може да преговара во процесот на интеграција во Европската Унија.
Ова меѓу другото значи дека Собранието дава зелено светло за францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ.
По гласањето следуваше голем аплауз од страна на пратениците.
По гласањето, собранискиот спикер најави пауза, а по неа од 14 часот ја закажа седницата за Буџетот.