Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пратениците во рамки на продолжението на вчерашната 106. собраниска седница ги изгласаа предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието и предлог на законот за амнестија, и двата по скратена постапка.
За предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието вкупно гласаа 81 пратеник, и ниту еден воздржан и против. Во гласањето со Бадентерово мнозинство „за“ гласаа 24 пратеници, ниту еден против и воздржан.
Предлог на законот за амнестија, по скратена постапка, пратениците го поддржаа со 76 гласа „за“, и еден „против“. Поради прекршување на протоколите за време на вонредната состојба поради ковид протоколите на голем број граѓани им беа изречени парични казни.
Граѓаните осудени на парични казни до и над 1.000 евра, како и оние кои поради неможност да ја платат или не ја платиле во целост таа им била заменета со казна затвор, а со донесениот Закон за амнестија казните, и паричните и затворските, им се заменуваат со алтернативна мерка условна осуда доколку во наредните две, односно три годни не сторат друго кривично дело.
Со 84 гласа „за“, ниту еден против и воздржан пратениците го изгласаа предлог на законот за дополнување на Законот за служба во Армијата, по скратена постапка.
Собранието во рамки на денешната седница констатира дека Барањето за давање на автентично толкување на член 86 став (1) од Законот за управни спорови, поднесено од пратеникот Јован Митрески не е оправдано и нема потреба од автентично толкување на член на овој закон поради причините содржани во извештајот на Законодавно-правната комисија на Собранието.
Исто така, Собранието констатира дека Барањето за давање на автентично толкување на член 1, 8 и член 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос, поднесено од пратеникот Хусни Исмаили не е оправдано и нема потреба од автентично толкување на член на овој закон поради причините содржани во извештајот на Законодавно-правната комисија на Собранието. Овој заклучок заедно со извештајот на Законодавно-правната Комисија на Собранието да се достави до пратеникот Хусни Исмаили.
Собранието констатира дека Барањето за давање на автентично толкување на член 24 став (2) точка б) од Законот за административни службеници, поднесено од пратеникот Снежана Калеска Ванчева не е оправдано и нема потреба од автентично толкување на член на овој закон поради причините содржани во извештајот на Законодавно-правната комисија на Собранието. Овој заклучок заедно со извештајот на Законодавно-правната Комисија на Собранието да се достави до пратеникот Снежана Калеска Ванчева.