Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Собранието го изгласа досега највисокиот буџет во историјата на независна Македонија од 3,7 милијарди евра кој е проектиран за 2019.
Рекордниот буџет носи и позиционирани ставки во повеќе области. Фокусот ќе биде насочен кон повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда. Но колку сето ова е реално остварливо.
Економистите оптимисти, но половично. Се согласуваат дека ова е историски најтешкиот буџет до сега. Велат дека постојат ризици и од страна на приходите, но и од расходите.
Во буџетот има пари за се – најмногу за плати, пензии и социјални трансфери. Предвидени се близу 2,2 милијарди евра, или две третини од буџетот. Значаен дел се одвојува и за капиталните инвестиции – 423 милиони евра. Се планираат повеќе капитални проекти, а фокусот ќе биде на железничката, енергетската, комуналната инфраструктура. Ваквите најави влеваат оптимизам дека 2019 ќе биде економски подобра година и за стопанството, кое бавно закрепнува по кризната 2017 година.
Сепак, буџетот според најавите треба да обезбеди повеќе пари и подобар живот за граѓаните. 36 милиони евра се планираат за социјалната реформа. Ќе има пари и за детски и образовен додаток за семејствата со минимална плата, а ќе се зголеми и социјалната помош. Здравствените работници ќе добијат за 10% зголемување на платите, а во септември уште дополнителни 5% заедно со останатите во јавниот сектор.