Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На денешната седница од македонското Собрание на дневен ред ќе биде именувањето нови министри во Владата.
Собранието вчера и формално ги разреши од функцијата министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика.
Министрите беа разрешени со мнозинство гласови. Освен нив, беа констатирани оставките на министрот за земјоделство Љупчо Николовски, на министерот за култура Асаф Адеми, на министерот за животна средина Садула Дураку и на министерот без ресор Зоран Шапуриќ.
Претходно премиерот Зоран Заев го повлече предлогот, тој, покрај премиерската финкција, да ја извршува и финкцијата министер за финансии.