Вебкафе

Собрала 42.000 долари за лечење од рак и ги спискала на шетање – ама кармата е кучка

Австралијка лажно ја ширела веста дека боледува од рак и собирала донации за лекување од истата болест, при што од лагата не биле поштедени ниту нејзиното семејство и пријателите.

24-годишната Хана Дикенсон собралаа 42.000 австралиски долари откако на нејзините родители им кажала дека мора да оди на медицински третман на друг континент. Нејзините родители примиле донации од пријатели, соопшти судот.

Но, нозете од лагата најчесто се кратки, па така и оваа бизарна лага од Хана не остана неоткриена. Таа за тоа доби судско обвинение и беше прогласена за виновна, по што ќе лежи во затвор.

Според судските наводи, Дикенсон парите ги потрошила на одмор и излегувања. Дикенсон се изјасни за виновна пред судот во Мелбурн за седум обвиненија за добивање имот со измама.

„Народната желба за помош и социјална доверба е прекршена. Тоа се луѓе кои напорно работеле и извадиле пари од своите џебови“, посочи судијата.

Advertisements
To Top