Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман доведува големи имиња за да добие совети за реализација на еден од најамбициозните проекти на денешницата – изградба на футуристичкиот мега град кој го најави тој пред една година.
Коосновачот на Убер, Тревис Каланик, директорот на Софтбанк, Масаиоши Сон, неколку претставници на фондови, членот на УО на Фејсбук Марк Андерсон, се некои од личностите кои се согласиле да работат како претставници на проектот. Меѓутоа, ниту еден не сака да открива детали.
И додека тие се јавно на листата на проектот вреден 500 милијарди долари, познат како НЕОМ, некои други не сакаат нивното име да се поврзува за него. Меѓу таквите се, еден од директорите на Гугл, потоа Ернес Монис кој работел во администрацијата на Обама.
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман го најави градот НЕОМ пред година дена. Градот е еден од главните цели во неговиот план за опоравување „Визија 2030“.
Саудијците пред почетокот на изградбата мора да одговорат на многу прашања меѓу кои и што е со исчезнатиот новинар. А дека членовите на идната работна група се и тоа како добро избрани, зборува претходното вложување на државниот фонд во секоја од горенаведените компании.