Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Повеќето светски познати фудбалери позади себе имаат одредена приказна, но ретки се оние чие минато може да се раскаже и низ филмското платно.
Еден од оние чија приказна е неверојатна и потресна е и фудбалерот на Манчестер Јунајтед Антонио Валенсија. Еквадорецот веќе осум години го носи дресот на еден од најголемите клубови на светот, а пред десетина години се било поинаку.
Валенсија заработувал за живот така што собирал шишиња во родниот Лаго Агрија, за потоа неговиот татко да ги продава со цел да заработи пари за да го прехрани семејството. Животот бил многу тежок за ова семејство, но Антонио одсекогаш имал само еден сон – да стане професионален фудбалер.
На крајот стана и повеќе од тоа. Стана легенда на Еквадор и еден од најдоброте фудбалери во историјата на оваа земја. Валенсија и покрај тешката ситуација не се откажал од својот сон. Силно посакувал да стане фудбалер и така да им го олесне животот на своето семејство. Набрзо добил прилика да тренира со младинците на Национал, а потоа следуваше големиот напредок.
Тренерите видоа голем потенцијал во него и после само две години Валенсија добива шанса во првиот тим, каде веднаш го покажува својот раскошен талент. Сонот продолжи да се исполнува во Европа, кога најпрво заминува во Виљареал, а потоа и во Рекреативо. Неговиот живот комплетно се променува во 2006 година кога доаѓа во Англија.
Потпишувањето за Виган е нешто најдобро што направил во животот, а три години подоцна го облекува дресот на големиот Манчестер Јунајтед, клуб кој е сон на сите деца кои почнуваат да тренираат фудбал.
Еквадорецот во изминатите осум години остави длабока трага во Манчестер Јунајтед и сеуште има важна улога во тимот. До сега одигра 270 натпревари за „црвените ѓаволи“ и ја тресеши противничката мрежа 21 пат.