Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Престижното списание Forbes ја објави листата на најплатените „јутјубери“ во 2021 година.
На прво место е Џими Доналдсон, попознат како MrBeast. Неговите видеа на YouTube имаат повеќе од 10 милијарди прегледи, со што заработил 54 милиони долари.
Џими го престигна 10-годишниот рецензент на играчки Рајан Каџи, кој беше на врвот на листата во последните две години. На второто место се најде Џејк Пол, третото го зазеде Маркиплиер, а потоа следуваат американското комично дуо Рет и Линк и Нејтан Џонсон Греам.
Истражувањата покажуваат дека во 2021 година, платформата YouTube имала 2,3 милијарди корисници ширум светот. Новинарот Крис Стокел-Вокер вели дека YouTube денес се` повеќе ја заменува телевизијата, а заработката на таа платформа покажува дека објавената содржина е квалитетна.
View this post on Instagram
23-годишниот американски јутјубер е заслужен за пионерство во жанрот на видеа на YouTube, кој се фокусира на скапи акробации. Тој почнал да објавува на YouTube на почетокот на 2012 година. Станал интернет сензација откако неговото видео наречено Броење до 100.000 било прегледано десетици илјади пати за само неколку дена во 2017 година.
Со текот на времето, тој почна да објавува видеа со предизвици, тешки задачи или преживување. Доналдсон денес има 88,1 милиони претплатници на YouTube.
Неодамна објави видео во кое го реинкарнира Squid Game во реалниот живот.