Со законски измени ќе се регулира користењето електрични тротинети


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На последната владина седница, со измени во законите од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласување со претходно донесениот Законот за прекршоци, Владата ја усвои одлуката да се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот.

Целта на овие измени ќе бидат заштитата на оние кои управуваат со тротинетите, но и заштита на граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства, соопшти прес-службата на Владата.

Со овој закон во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните. Се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот.

-Казните ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни. Освен казнените одредби, се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства, соопшти прес-службата на Владата.