Со валјак во Малезија уништени 1.069 „копачи“ на биткоини – еве колку струја украле за „копањето“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


1.069 машини опремени за „копање“ биткоини кои во процесот на „копање“ украле струја вредна 2 милиони долари беа уништени со валјак од полицијата во државата Саравак во Малезија.

Опремата вредна 1,25 милиони долари запленета меѓу февруари и април годинава е само дел од огромниот број машини кои секојдневно прават прекини во снабдувањето во оваа земја.

Копањето биткоин во светот троши повеќе електрична енергија од цела Аргентина и, за возврат, генерира повеќе емисии на јаглерод секоја година отколку Чешката Република.

Минатата недела и во Македонија, во скопската населба Ѓорче Петров полицијата приведе копач на биткоин и заплени седум негови „мајнер“ компјутери, со кои крадел струја од соседството.