Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сојузната канцеларија за миграција на Германија го објави најновиот извештај со статистички податоци за доселени и иселени лица во и од таа земја во периодот од 2016 и 2017 година. Тие податоци на нивната веб страна ги објави германското Министерство за внатрешни работи.
Па така во 2016 година во Германија дошле 212 863 Романци, а во 2017 нешто повеќе од 219 989.
Во Германија најмногу после Романците стигнуваат државјаните на Полска, Сирија, Бугарија и Авганистан.
Бројот на српски државјани кои во 2016 година дошле во Германија е 24 616 а во 2017 се 26 527. Освен тоа, објавен е и податок колку луѓе отишле од Германија, па така таа земја пред две години ја напуштиле 33 021 Срби а 2017 година 19 554.
Исто така, спред тие податоци во текот на 2016 и 2017 година во Германија се доселиле 110 526 Хрвати.
За споредба , во овие две години од БиХ во Германија се отселиле нешто повеќе жители од што има да кажеме во општина Бугојно, една од најголемите во Среднобосанскиот кантон. Македонија не е на оваа листа, но затоа пак нашиот сосед Бугарија во 2016 го напуштиле 53 675 а тој број во 2017 изнесува 49 321 луѓе.