Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Авиопревозникот TUI Airways ќе започне со сезонска авиолинија помеѓу Манчестер и Охрид следното лето.
Според објавата во распоредот на авиокомпанијата, летовите ќе се реализираат еднаш неделно, во периодот од 31 мај до 20 септември следната година.
Годинава бројот на летови на сезонските авиолинии годинава е зголемен и на двата македонски аеродрома во однос на лани. На Меѓународниот аеродром Скопје од јануари заклучно со јули се реализирани 457 сезонски лета, за 55 проценти повеќе од лани, кога имало 294 летови, а на Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид 831 сезонски лет, што е зголемување за 136 проценти во однос на истиот период минатата година кога имало 352 сезонски лета.
Годинава сезонски дестинации до кои авиокомпаниите летаат од скопскиот аеродром се Анталија, Бодрум, Измир, Хургада, Базел, Џеда/Медина, Монастир (Тунис). Во 2021 од Скопје се леташе сезонски за Анталија, Бодрум, Хургада, Базел и Дизелдорф. Од охридскиот аеродром, пак, годинава се опслужуваат сезонски авиолинии и до Тел Авив и Амстердам, како и до Цирих, Ајндховен и Катовице, што беа на располагање и во минатата летна сезона.
Во првите седум месеци од годинавана двата македонски аеродроми се опслужени вкупно 1,3 милиони патници и 10.622 летови.