Актуелно

Со тесно мнозинство гласови Урсула Фон Дер Лајен избрана за претседател на Европската комисија

Со тесно мнозинство од 383 гласа „за“ и 327 гласа „против“, Европскиот парламент ја изгласа Урсула Фон Дер Лајен за нов претседател на Европската комисија.

Урсула Фон Дер Лајен ќе биде првата жена претседател на комисијата, таа треба да ја превземе должноста од актуелниот претседател на Европската комисијата Жан Клод Јункер за три месеци, односно на 1 ноември.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли ги соопшти резултатите од гласањето и И честиташе на Урсула Фон Дер Лајен за нејзиниот избор.

Фон Дер Лајен пред гласањето посочи дека ќе се залага за борба против климатските промени, за борба против сиромаштијата во Европа, но исто така нагласи и дека ќе ги застапува правата на жените.

Додека по нејзиниот официјален избор за Претседател на Европската Комисија, таа истакна дека во следните пет години сака да ја направи Европа поеколошка, Европа која им служи на луѓето, економски силна и дигитална.

Advertisements
To Top