Со своето заразно смеење замина во легендите: „Смешката“ почина на 65-годишна возраст


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанскиот комичар Хуан Хоја Борха, кој цел свет го знаеше по неговиот прекар Ел Риситас (Смешката) поради неговиот заразен начин на смеење, почина во 65-тата година од животот во болница во Севиља.

Тој бил хоспитализиран уште од септември, а поради влошување на здравјето морала да му биде ампутирана и едната нога. Во средата состојбата нагло му се влошила по што бил пренесен од „Ла Каридад“ болницата во Универзитетската клиника „Вирхен дел Росио“, каде и починал.

Него цел свет го знаеше благодарение на разните мемиња и клипови кои беа преправани со разни досетливи преводи, а поради неговиот начин на смеење.

Легендарниот клип со долгото смеење Ел Риситас го сними во интервју во 2007 година во шоуто „Ratones Coloraos“ на Хесус Кинтеро кога раскажуваше анегдота за неговиот прв ден на работа во ресторан покрај океанот. Тогаш раскажа како масните и валкани тави ги врзал за стап и ги оставил во солената океанска вода за преку ноќ да се измијат. Но, кога утредента отишол да ги земе, таму била само една од оставените 20 тави, додека другите ги однела плимата.