Home Вебкафе Со старото Волво поминал 1 милиони милји – од автомобилската компанија му дадоа нов автомобил

Со старото Волво поминал 1 милиони милји – од автомобилската компанија му дадоа нов автомобил

Американецот Џим О’Ши купил „Volvo 740“ во 1991 година, веројатно за инает на неговиот татко и вујко кои работеле во салонот на Форд во тоа време, па не е ни чудо што уште тогаш ветил дека ќе помине милион милји (околу 1,6 милиони км) со својот автомобил .

По три децении, во ноември минатата година, тој го исполнил ветувањето а сега е контактиран од салонот каде што го купил автомобилот за да награда за тоа достигнување, а воедно да се искористи овој настан како згодна маркетиншка можност.

На О’Ши му беа предадени клучевите од новиот автомобил на „Volvo S60“.

Но тој не ја добил оваа лимузина во трајна сопственост, туку му била дадена на користење две години, со платено осигурување и одржување. Како и да е, убав гест.

Клучевите од новиот автомобил му ги врачил директорот на салонот Стивен Линч, кој во 1991 година му продал и „Volvo 740“.

Иако 1,6 милиони километри изгледаат како многу, тоа е далеку од рекордот што исто така го држи едно „Volvo“, модел „P1800“ со 5,23 милиони километри.

Интересно е тоа што Џим О’Ши никогаш немал сообраќајна несреќа во последните 30 години, а оригиналниот мотор од 1991 година морал да се замени по 585.000 милји (941.466 километри).

Во текот на трите децении на експлоатација биле сменети неколку комплети менувачи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Хелена Кристенсен: Тајните на блескавата убавина на супермоделката

Кои се ритуалите и третманите за лице што ги следи славната данска убавица и поранешен Вик…