Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Миликије Халими, бившата градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ од 1 октомври ќе работи во Царинската управа како инспектор за истраги за борба против економски криминал.
Конкурсот беше распишан со средно или вишо образование, а Миликије има завршено средно медицинско училиште. На нејзиниот фејсбук профил пишува дека студирала Педагошки факултет.
Нејзиното работно место се однесува на спроведување мерки и активности за откривање и криминалистичко истражување на кривични дела, фаќање и пријавување на нивните сторители и обезбедување на докази како дел од правосудната полиција.
Огласот бил распишан на 5 септември и траел само три работни дена. За ова работно место предвидена е плата од 29.823 денари месечно.
Миликије Халими беше градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ. За време на нејзиниот мандат истражувањето на Центарот за граѓански истражувања покажа дека Општина Арачиново е единствената општина што воопшто не наплаќа данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година. Образложението од Општина Арачиново е тогаш беше дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение.
Нејзиниот сопруг Агрон Халими се занимава со извоз на калинки.