Home Спорт Со што се занимаваат поранешните фудбалери: Од гробар до кечер!

Со што се занимаваат поранешните фудбалери: Од гробар до кечер!

Поранешниот германски голман, Тим Визе викендов ќе дебитира во кечерски ринг, што беше повод за порталот на УЕФА да истражи со што се занимаваат бившите фудбалери денес.

Поранешниот репрезентативец на Велс, Вини Џонс стана холивудски актер, додека бившиот фудбалер на Бешикташ Илхан Манзис, кој е познат по златниот гол во СП 2002 година, стана професионален во уметничко лизгање.

Бившиот голман на Валенсија и шпанската репрезентација, Кањизарес сега е возач на рели трки, а бившиот француски голман, Фабиан Бартез исто така се занимава со автомобилски трки. Поранешниот фудбалер на Баерн, Мехнед Шол основаше своја продуцентска куќа, додека бившиот фудбалер на Селтик, Харалд Братбек стана пилот.

Интересен е и патот на Манташ Шерниус, поранешен литвански фудбалер, кој сега е тренер на женска репрезентација во кошарка. Поранешниот голман на Сент Паули, Волкер Ипиг почна да работи како обичен работник во една фабрика, а светскиот шампион со Англија од 1966 година, Рои Вилсон стана гробар.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…