Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вардар вчера со реми кај Веспрем на гостински терен се збогуваше со настапите во Лигата на шампионите за оваа сезона. Откако во Скопје црвено-црните беа поразени со 22:30, во „Веспрем Арена“ одиграа реми 31:31.
Тргна добро Вардар, отвори преку Дибиров кој го одигра последниот натпревар за Вардар во ЛШ, но потоа следуваше подобра игра на домаќините кои во ниту еден момент од натпреварот не го доведоа во прашање својот пласман во четвртфиналето.
Вардар констатно беше во негатива, иако посебно во второто полувреме на голот го имаше расположениот Васил Гогов. Веспрем попушти во финишот кога Вардар започна да се доближува.
Најефикасни кај Вардар беа Моралес и Кевин Њокас со по шест и пет гола, додека Томовски и Гогорв заедно собраа 15 одбрани. Треба да се истакне дека Гогов имаше одличен процент на одбранети удари (60%). Кај Веспрем Јахија постигна седум, Нилсон пет гола.