Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Членови на едно француско семејстов од градот Мулхаус, со рачка од метла, до смрт претепале деветгодишно момче од нивното семејство поради тоа што не сакало да ја напише домашната задача од училиште.
Уапсени се четворица членови на семејството. Според информациите од полицијата, постара сестра, постар брат и постара полусестра со рачка од метла го тепале своето братче кое им подлегнало на повредите од тепањето.
Мајката, иако не била присутна во време кога било претепувано момчето, знаела што се случува и ништо не презела , па затоа и таа е уапсена.
Обдукцијата покажала дека детето претрпело срцев удар, но дека смртта настанала како последица на тешките повреди по целото тело и по главата здобиени од ударите со рачката од метлата.