Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
47-годишната Лори Морин од Флорида беше уапсена под обвинение за убиство откако со пушка го застрелала својот партнер. Тие двајца се искарале поради неговото гласно ’рчење навечер и типката во афект смртно го застрелала.
Кога полицијата пристигнала во домот на Морин, таа тврдела дека случајно испалила од пушката и го повредила својот партнер. Но, со истрагата било утврдено дека жената намерно пукала во него поради прегласното `рчење.
Мажот со кој Лори била три недели во врска , по жестоката кавга отишол во тоалетот , а по него влегла Лори со пушката и го застрелала.
Тој со прострелна рана бил однесен во болница , од каде велат дека е во стабилна состојба. Жената е обвинета за обид за убиство и се наоѓа во притвор.