Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Централното претседателство Демократската унија за интеграција вчера вечер одлучи да му ги даде потписите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со цел тој да стане мандатар. Сепак, тоа не значи дека со оваа одлука ДУИ станува дел од владата, а официјална одлука за тоа дали ДУИ ќе биде опозиција или не ќе има во понеделник.
– Поради некои околности кои се поврзани со рокови одлучивме да дадеме поддршка на СДСМ, но тоа не значи дека имаме договор за коалиција, само се дава поддршка за мандат, да се деблокираат некои процеси. За да се испочитуваат роковите за локалните избори треба што поскоро да се донесат одлуки, а за тоа треба да се добие мандат и Собранието да почне со работа. Ако се одлучиме за учество во влада треба да се усогласат програмите, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети утрово изјави дека се разгледува можноста да поддржи малцинска влада, а таквиот партиски став го кажа и Османи, според кого тоа би било доказ дека ДУИ нема матни бизниси и не гледа по секоја цел да остане на власт.
Претходно, свои потписи за Заев да биде мандатар дадоа и пратениците од Движењето БЕСА и Алијансата на Албанците.