Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Крај патот над езерото Маџоре во близина на местото Кавијано во Швајцарија се наоѓа мал бетонски бункер, кој наликува на запустен хангар или некогашна скривница.
Но, зад кородираната врата и седум метри долгата бетонска фасада, всушност се крие шармантен модерен дом со минималистчки дизјан, брилијантно прилагодено осветлување и централен атриум во антички римски стил.
Овој модерен дом е дело на архитектонското студио „Веспи де Меурон Ромео“, кое некогашната напуштена бетонска коцка ја трансформираше во живеалиште со модерен ентериер кој плени со својата грациозна љубезност.
Бетонската основа на куќата е надополнета со стакло, дрво, метал и делкан камен, кои и даваат сосема нов лик на оваа груба градба.
Со поставувањето на прозорци и стакларник овозможено е влез на големо количество светлина во оваа оригинално мрачна градба, а градинарскиот атриум дополнително придонесува за ослободување од чувството на клаустрофобија.