Со отворање ексклузивно уплатно место во Скопје, спортските обложувалници „Моцарт“ одбележаа 10 години успешна работа во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синоќа во Скопје, во предновогодишна атмосфера, Спортските обложувалници „Моцарт“ ги собраа вработените, соработниците, играчите и медиумите на отворањето на првото ексклузивно уплатно место во Македонија. На Рекорд спроти Триумфална порта се наоѓа новото место за дружење и забава на љубителите на спортот и спортското обложување кое комплетно го менува концептот на уплатни места збогатувајќи ги со одличен ентериер и пријатна клубска атмосфера за забава и игра.

На настанот беше прикажано кратко видео со кое Спортските обложувалници „Моцарт“ го илустрираа својот десетгодишен раст на македонскиот пазар. Од почетната инвестиција во 2008г со 9 уплатни места и 36 вработени, „Моцарт“ прерасна во сериозна компанија со над 140 уплатни места и над 500 вработени.


„Доказ за успешното работење сите овие 10 години е уплатното место што вечерва го отвораме. Уплатно место кое е направено по сите светски стандарди и е најексклузивно уплатно место во Македонија, не само во нашиот ланец на уплатни места туку воопшто. Со овој стандард го подигнуваме искуството, на забава и следење на спортски натпревари, скалило повисоко. Просторот е луксузно опремен со двоседи, сепариња, маси за високо седење, посебна просторија за ВЛТ апарати и комплетно опремен шанк со целокупна понуда на алкохолни и безалкохолни пијалоци, сето тоа за максимално уживање во следењето на натпреварите.“ – изјави Васко Илијевски, маркетинг менаџер на Спортските обложувалници „Моцарт“.


На отворањето на ексклузивното уплатно место беа доделени и наградите на тројцата играчи кои погодиjа највисоки квоти во натпреварувањето „Погоди најголема квота“ кое беше актуелно на сите уплатни места на „Моцарт“ изминативе 2 месеци. Владимир Стефановски од Скопје со квота од 10.175 беше третопласиран и го доби најновиот iPhone XS Max.


Второпласираниот Круме Стефановски од Скопје погоди неверојатна квота од 15.772 и сосема заслужено ќе вози скутер Piaggio Medley 150.


Апсолутен победник и тоа во последен час е Николче Габрешанец од Радовиш кој на последниот ден од натпреварот погоди квота од дури 34.638 која беше и повеќе од доволна да го освои преубавиот BMW X3, а покрај тоа може и да се пофали со одлична парична добивка.


„Се уште не ми се верува! Го бркав џипот од самиот почеток. Операторите од Радовиш знаат дека бев еден од најредовните во тоа. Викендот не ми помина ниту еден од тикетите за џипот, така што остана само понеделникот во кој немаше многу натпревари. Одиграв 8 тикети. Најчесто играм конечен тип X, но бидејќи немаше доволно натпревари овој пат изиграв X-X на тикетите. Еден од осумте се покажа како добитен. Не ми се веруваше, пресреќен сум и се уште во шок“ – изјави Николче Габрешанец, мајсторот кој ја погоди најголемата квота на натпреварот „Погоди најголема квота и освој BMW X3“.


Годината 2018 беше навистина успешна за Спортските обложувалници „Моцарт“. Започна со исплатената рекордна добивка од над 500.000 евра на играчот од Прилеп, продолжи со отворање на многу нови уплатни места и реализација на капитални проекти од стратегијата за општествена одговорност меѓу кои се издвојува реновирањето на ракометното игралиште на „Женска плажа“ во Струга каде веќе половина век се игра традиционалниот меѓународен ракометен турнир „Струга“.


Плановите за 2019 година се подеднакво амбициозни – вели Васко Илијевски, маркетинг менаџер на Спортските обложувалници „Моцарт“ – Сигурен сум дека сѐ што сме замислиле ќе оствариме благодарение на тимот на „Моцарт“ кој е подготвен за сите предизвици и благодарение на нашите верни партнери – играчите кои знаат да препознаат квалитет. Денеска заокружуваме 10 години успех но приказната на Спортските обложувалници „Моцарт“ продолжува и во наредната деценија.



Спортските обложувалници „Моцарт“ им посакуваат Среќна Нова Година на сите граѓани на Р. Македонија.