Со огнено оружје ограбено казино во Влае


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Утрово, во казино лоцирано во трговскиот центар „Порта Влае“, се случувала вистинска филмска разбојничка драма.

Имено во казино кое е сместено во трговскиот на улицата „Партизански одреди“ влегле насилници кои со закани со пушки и пиштоли од вработените го одзеле сиот дневен промет. Парите ги ставиле во торби и вреќи и заминале.

Од полицијата го потврдуваат случајот и велат дека превземаат мерки за расчистување на случајот. Други детали за евентуални повредени вработени и гости не се соопштуваат.