Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мала земја со вкупен број на население од 750.000 жители, хималајската земја Бутан е горда на нејзините жители кои сакаат да ја зачуваат природата во нејзината оригинална форма и убавина. Земјата со години наназад се обидува да биде еколошка и да ја намали емисијата на штетни стакленички гасови.
Иако нивната крајна цел беше емисијата на јаглерод диоксид да ја сведат на нула, сега тие постигнаа дури и негативно ниво, што значи дека шумите во земјата апсорбираат повеќе јаглерод диоксид отколку што емитуваат жителите.
Населението на Бутан верува дека нивната среќа е поврзана за природата и доколку нема сооднос меѓу нив нема да има ни рамнотежа. Земјата не го мери својот успех според бруто домашниот производ како што прават сите други нации со пресметување на монетарната вредност на тоа што го произведуваат, туку ја мери бруто националната среќа.
Заштитата на околината е вклучена во Уставот на Бутан и ги обврзува граѓаните барем 60% од површината на државата во секој момент да се покриени со шума. Моментално тој процент изнесува 72%, поради што и жителите се среќни.
Зачувувањето на шумите и природната средина е во суштината на борбата со климатските промени, нешто што повеќето земји го игнорираат. Не само што Бутан ги штити шумите од сечење, туку постојано ја зголемува пошумената површина.
Земјата се надева да придонесе за зачувувањето на средината и на други начини, како, на пример, со нула емисија на стакленички гасови и нула отпад до 2030 година, а до 2020 година сака целосно да се префрли на органско производство. Исто така, има склучено договор со Nissan за снабдување на земјата илјадници електрични возила.
Gодинава Бутан засади неверојатни 108.000 дрвја во честа на раѓањето на првото дете на кралот Кесар и кралицата Џетсон. Минатата година, пак, екипа од 100 волонтери поставија светски рекорд засадувајќи 49.672 дрвја за само еден час.