Со нога ги замолкна злите јазици: Првата дама на САД во полн сјај на свечената вечера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меланија Трамп беше апсолутна владетелка на гламурот на свечената вечера во „Јунион стејшн“ воочи свеченоста и инаугурацијата која вчера се одржа на Капитол.

Со својот сопруг, Меланија елегантно влегла во салата во тесен фустан од познатата дизајнерка Рим Акра и на тој начин се потрудила сите погледи да бидат вперени токму во неа.

Гламурозниот фустан е од златни светки со долги ракави и со крој „сирена“ при дното. Меланија очекувано блесна на свечената вечер, а исто така останала верна на проверениот рецепт што се однесува на фризурата и шминката.

Ништо подолу со стилот не беа ни другите убавици од кланот на Трамп.