Со над 170 милиони надзорни камери тие ќе го имаат најмоќниот систем за препознавање на лица


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кина цели да го создаде најмоќниот систем за препознавање на лица во планетарни рамки – проект кој го иницираше нивното Министерство за јавна безбедност. Министрството овој систем го развива во соработка со приватна компанија за безбедност сместена во Шангај.

За оваа цел, кинеските власти веќе имаат монтирано над 170 милиони најсовремени камери за надзор ширум земјата.

Целта на таа мрежа е да го идентификува секој од своите 1,4 милијарди жители во рок од три секунди. Само во септември минатата година Кина инсталира повеќе од 20 милиони безбедносни камери ширум земјата.

Еден од примерите како во Кина овој масовен надзор, опремен со најнапредна вештачка интелигенција и софтвер за препознавање лица, му се спротивставува на криминалот се и високотехнолошките очила за сонце, кои полицијата во централниот дел на Кина ги користи, а кои се опремени со технологија за препознавање ликови со цел да се откријат осомничените за криминал на железничките станици.

Исто така, сообраќајната полиција во Женшен монтира 40 камери за надзор, под името „робокап“, со цел да ги идентификува ликовите на непристојните возачи и да го регулира сообраќајот. Во истиот град на пешачките премини минувачите веднаш добиваат известување за паричната казна која им следува штом ги прекршат правилата, а истовремено фотографии и имиња на луѓето кои преминуваат улица на црвено светло се прикажуваат на големи ЛЕД екрани.