Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Она што најмногу ја ослабува способноста на организмот да се избори со болестите е едноличната исхрана.
Токму затоа најважно е редовно да консумираме овошје и зеленчук, особено она што е богато со витамин С и цинк, бидејќи цинкот го намалува траењето на настинката, а го има во јагнешкото и свинското месо, во семките и во оревите, во житариците и во морските плодови.
Потребни ви се:
100гр суво грозје
150гр ореви
100гр бадеми
сок и кора од 2 органски лимони
100гр суви кајсии
100гр суви сливи
250-300гр мед
Сомелете го сувото грозје, оревите, бадемите и лимоновата кора, додајте го сокот од лимон, измешајте и ставете ги измелените суви сливи и кајсии. Измешајте и додадете мед. Ставете ја смесата во тегла и оставете ја да постои на темно место ден-два, па потоа преместете ја во фрижидер. За деца постари од 3 години се препорачува по една лажичка два пати дневно, а возрасните по една до две лажички три пати дневно.