Со лав нема играчка, друже – отиде прстот (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Типов ова наравоучение го научи на потешкиот, болен и крвав начин.

Посетителите на зоолошка градина Сент Елизабет на Јамајка биле сведоци на немил настан, лав нападнал еден од вработените во зоолошката.

Инцидентот се случил пред многу сведоци, поголем дел од нив настанот го снимиле со мобилен телефон и го објавиле на социјалните мрежи.

Еден од посетителите кој побарал да остане анонимен, изјавил за „OBSERVER ONLINE“ дека инцидентот се случил пред најмалку 15 луѓе.

Анонимниот посетител истакнал дека обиколката на зоолошката градина била при крај кога вработен во зоолошката градина, во очигледен обид да ги импресионира посетителите, се обидел да го погали лавот.

Наводно, еден прст од десната рака на вработениот маж бил делумно одгризан откако ја протнал раката низ кафезот на лавот поврзан со синџир.

„Кога се случи, помислив дека е шега. Не мислев дека е сериозно. Не ја сфатив сериозноста на тоа, бидејќи нивна работа е да приредат шоу“, рече таа. „Очигледно, кога падна на земја, сите сфатија дека тоа е сериозно. Сите почнаа да паничат“, додаде таа. Човекот врескаше додека се бореше да го ослободи прстот од устата на лавот.

Посетителката потоа дополнила дека овој инцидент ги шокирал сите присутни во зоолошката.