Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На августовскиот празник Успение на Пресвета Богородица сметан според стариот календар, во една црква во Кефалонија, Грција, се случува еден интересен и необичен, за верниците многу значаен феномен.
Станува збор за таканаречени „свети змии“ кои излегуваат во споменатата црква токму на денешен ден и тоа во голем број, притоа без да бидат агресивни и да ги напаѓаат луѓето. Напротив, се галат и се блиски со нив.
Верниците се убедени дека тие се благословени од Богородица. Змиите се појавуваат на 15 август во црквата, а иако многумина тврдат дека се отровни, никогаш никого не каснале и повредиле на тој ден.
Според верувањето народот ги нарекува свети змии кои на главата имаат шара како крст.