Home Актуелно Со комисиската расправа денес се отвора собраниската дебата за уставните измени

Со комисиската расправа денес се отвора собраниската дебата за уставните измени

Со комисиската расправа во рамки на Комисијата за уставни прашања на Собранието на Македонија денеска се отвора собраниската дебата за владиниот предлог за уставни измени.

Собраниската седница на која ќе треба да се гласа по Предлогот за пристапување кон уставни измени ќе се одржи в понеделник.

Македонската влада упати до Собранието предлог за четири уставни амандмани – за додавање на додавката Северна во името Република Македонија, за измени во Преамбулата и за измени во членовите 3 и 49.

Според роковите пропишани во Деловникот, целата постапка за уставни измени може да заврши најрано за три и пол месеци, но Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека постапката може да биде и итна по барање на Владата, на претседателот, на 20 пратенци и на претседателот на Собранието.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…