Home Актуелно Со извиците „Македонија е грчка“, Грција одбележа борбата против фашизмот

Со извиците „Македонија е грчка“, Грција одбележа борбата против фашизмот

Со неофашистички извици како што се „Македонија е грчка“, грчките војници парадираа на вчерашната воена парада во Солун, по повод сеќавање на денот кога Грција влегла во борбата против фашизмот во Втората светска војна.

Како што соопштуваат грчките медиуми, одредени членови на единицата извикувале „Македонија е Грчка“, додека поминувале покрај ВИП ложата, каде биле сместени претседателот на Грција и други делегации.

Во исто време грчката полиција успеала да спречи мала група демонстранти која имала намера да маршира и да протестира против Договорот од Преспа.

За време на обраќањето, пак, на министерот за одбрана, Панос Каменос, кој е и лидер на малата десничарска партија „Независни Грци“, и кој остро се противи на Договорот, некој од толпата извикал: „Оставка! Спасете ја Македонија“.

„Кога ќе дојде време“, одговорил министерот.

На парадата присуствуваше и претседателот на Италија, Серџио Матарела, пишува Фокус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…