Со голи гради се растрча на црвениот тепих во Кан – сакаше да испрати порака (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На филмскиот фестивал во Кан, девојка топлес истрча на црвениот тепих за да го изрази својот протест против силувањата за кои ги обвинува руските војници кои ја нападнаа Украина.

Демонстрантакта ја скинала својат облека на црвениот тепих, телото и бело обоено во боите на украинското знаме а имала испишано и порака „престанете да не силувате“.

Украинските власти изјавија дека истражуваат случаи на силување извршени од руски војници за време на окупацијата на одредени делови од земјата.

Свеченото отворање на 75. Кански филмски фестивал во вторник беше одбележано со видео порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот решија да ги одбијат акредитациите на сите руски филмаџии, но и на новинарите кои на кој било начин се поврзани со руската влада.