Со години не плаќале данок бидејќи „тоа било против Божјата волја“ – сега должат милиони


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Брат и сестра од Австралија со години одбивале да плаќаат данок на државата со образложение дека тоа е „против Божјата волја“, па сега со судска одлука се принудени да платат над 2,3 милиони австралиски долари бидејќи во Библијата никаде не пишува „не плаќај данок“.

Фани Алида Бирпут и нејзиниот брат Рембертус Корнелис Бирпут од 2011 година одбивале да платат данок со тврдење дека тој чин претставува побуна против Бога, пренесуваат австралиските медиуми.

Тие се христијански мисионери кои оваа недела биле изведени пред австралискиот суд во Тасманија поради затајување данок и даночен долг од над 930.000 австралиски долари, како и други насобрани трошоци, пренесува новинската агенција ААР.

Во поднесоците братот напишал дека даночниот закон на земјата е спротивен на „законите на семоќниот Бог“, известува АВС.

„Сопствеништвото произлегува од семоќниот Бог и нему му служиме“, напишал типот тврдејќи дека „законите на семоќниот Бог се над законите на оваа земја“.

„Ако не можете да ми најдете реченица во Библијата која вели ’не плаќај данок‘, тогаш во старт имате проблем“, му објаснил на братот и сестрата судијата Стивен Холт.

Тој додал дека со пребарување на Google нашол приказна за советот од Исус кој вели на Цезар да му се врати она што е негово, а на Бога божјото. Пресудата им наложува на братот и сестрата да платат вкупно 2,3 милиони австралиски долари.

Судијата, сепак, го уважил фактот дека нивното верување е искрено и дека не станува збор за злосторничка намера или изигрување на даночните обврски. Но, според неговата пресуда Библијата е јасна – граѓанските закони и Божјите закони важат и функционираат во различни сфери.