Со гласот на Спирос Данелис премиерот Ципрас мнозинство за доверба на Владата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пратеникот од Река, Спирос Данелис, контра ставот на неговата партија, ќе гласа за доверба на грчката Влада, со што веројатно премиерот Алексис Ципрас веќе го има потребното мозинство на гласови од 151 глас за доверба.

Спирос Данелис од Река, вчера имаше средба со лидерот на партијата, Ставрос Теодоракис, кој според грчките медиуми, му дал ултиматум на пратеникот да му ја соопшти одлуката.

Река нема да гласа за доверба на Владата, додека пак за ратификацијата на Договорот од Преспа, секој пратеник ќе гласа според своето лично убедување.

Не е исклучена можноста, според медиумите во Грција, Данелис да биде исклучен од пратеничката група на Река.

Учеството на Данелис на конференцијата посветена на Договорот од Преспа во неделата вечерта, на која што се обрати и грчкиот премиер, многумина ја коментираа како чекор кон поддршка за Владата.

Освен Данелис, позитивно за доверба на Владата ќе гласаат и четворица пратеници од Независни Грци, министерката за туризам Елена Кундура, заменикот министер за земјоделство, Василис Кокалис и пратениците Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис, како и независната пратеничка и алтернативна министерка за цивилна заштита, Катерина Папакоста. Овие шест пратеници, заедно со 145-те на СИРИЗА се доволни за Владата на Ципрас, на гласањето утревечер да добие доверба од Парламентот.