Со филм во кој се појавува и тој владиката Петар ја пушти во етерот „Вистел“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Телевизијата „Вистел“ на владиката Петар официјално е пуштена во етерот, а една од првите содржини пуштени на програмата утринава е филм со Македонци кои отишле во Русија да бараат жени, пренесува Макфакс.

Во еден дел од филмот се појавува и самиот Владика Петар, во сцена од црква. На одјавната шпица од филмот во делот на соработници стои Преспанско-пелагониската епархија, додека во делот на „посебна благодарност“ е пишано: „до неговото Високопреосвештенство митрополит Австралиски и Новозеладски г. Петар“.

Телевизијата „Вистел“ е сопственост на фирмата „Преобразба ДООЕЛ Скопје“, чиј сопственик е Петар Каревски, односно владиката Петар. Начинот на нејзино финансирање засега е тајна. Ќе емитува целодневна програма.