Со емотивно видео Google се пофали со својот преведувачки капацитет од 100 милијарди збора


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интернет гигантот Google на големо руши рекорди во светски рамки кога станува збор за користење на неговата опција за превод на зборови од еден на друг јазик, со што им помага при комуникацијата на луѓето кои зборуваат различни јазици.

Според статистиката, сервисот за превод на Google секој ден обработува повеќе од 100 милијарди зборови. За оваа достигната бројка Google се пофали со емотивно видео кое го објави на YouTube.

Луѓето масовно ги користат своите паметни телефони за преведување фрази од еден јазик на друг, а ова – како што е прикажано во видеото – ги прави среќни.

Видеото исто така ги покажува можностите на додадената реалност на личниот асистент на Google која и овозможува на апликацијата на камерата да ги замени ознаките на етикети од еден јазик на друг.

Видеото завршува со статистиките на Google, што покажуваат дека од сите преведени фрази, најпопуларни се „како си“, „благодарам“ и „те сакам“.