Со едноставен експеримент покажа дека хороскопот е чиста глупост


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Емили Браун е новинарка од Unilad која направи прилично интересен експеримент со своите пријатели кои веруваат во хороскоп.

Таа на сите нив им праи еден ист текст за кој ги излага дека се однесува исклучиво за нивниот хороскопски знак и ги замоли да ја оценат точноста на предвиденото. Со тоа сакаше да докаже дека хороскопот, со нејзини зборови кажано, „е срање“.

Лесно прифатливи „празни“ предвидувања

„Август е нов месец во знакот на Лав кој ќе го осветли вашиот професионален живот, кариерата и имиџот кој го имате во јавност. Сонцето грее за вас. Бидете самоуверени и споделувајте ја вашата светлина. На 11 август Меркур повторно влегува во знакот на Лав, влијанието од Јупитер станува директно, а од Уран ретроградно, што ви носи возбудливи можности кои можат да ја подобрат вашата кариера и банкарска сметка. Но, бидете јасни околу вашите цели, не скршнувајте од патот. На 14 август Венера и Сонцето се спојуваат, а на 15 август следи полна Месечина на Водолија во вашиот сектор“.

„Може да се создаде златна шанса во однос на професионалниот живот, но тоа би можело да предизвика несигурност или да внесе немир во моменталната ситуација со цел да се направи простор за промените кои следуваат. Оваа шанса ќе ја исчисти палубата од вашето минато, така што може да се создаде простор за вашата визија“, стои во текстот кој го добиле пријателите од новинарката.

„Бидејќи Сонцето, Месечината и Венера влегуваат во Девица на 18, 21 и 23 август, вашиот социјален живот станува повозбудлив. Создавате врски кои можат да ви помогнат во амбициите. Спојот на Венера и Марс на 24 август создава полн круг после две години – како се развивале вашите односи оттогаш? Како што ќе се будите со нови копнежи, така ќе ги напуштате оние кои сте ги надминале. Полека поминете низ тој процес на елиминација, бидејќи стигнува нов месец во знакот на Девица на 30 август. Како што ќе започне септември, ќе бидете подготвени да го внесите во вашиот свет сето она кое најмногу сте го сакале, да го засадите семето и да ги негувате вашите животни соништа“, заклучува текстот.

Без мудрост, само здрав разум

Таа потоа ги замоли пријателите да ја оценат неговата точност со оглед на случувањата во нивните животи на скала од 1 до 10.

Оценките, како што можете да претпоставите, биле 9 и 10.

„Тоа е така бидејќи овие тврдења и предвидувања можат да се применат на било кој човек – сите имаат цели кои сакаат да ги постигнат и сите ќе се променат во однос на тоа каква личност биле пред две години. Тоа не е никаква длабока мудрост, здрав и рационален разум е“, заклучува новинарката, а со неа се согласуваат и научниците.

„Имајќи во предвид дека сите хороскопски знаци се пишувани главно позитивно и неутрално, се вклопуваат во перцепцијата на секој поединец која тој ја има за самиот себе. Ако ни се каже нешто за самите нас, ние во нашето опкружување и случувања ќе бараме докази со кои ќе можеме да си го потврдиме тоа, а она кое не се вклопува ќе го отфрлиме“, вели Рон Роџио од колеџот Клермон МекКин.

„Луѓето сакаат надеж. Мислам дека хороскопите направија вистински бум последниве години, бидејќи луѓето сакаат некаков правец и насока во животот“, смета астрологот Ненси Џобс.