Со една фотка Тамара Еклстон предизвика бурна дебата и негативни реакции на интернет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради објавата на фотографијата на која ја дои својата тригодишна ќерка Софија, богатата наследничка Тамара Еклстон наиде на низа негативни реакции на интернет.

Корисниците на социјалните мрежи сметаат дека не е примерно да се дои толку големо дете. Но, Тамата им одговори со нова фотографија и со порака дека не е убаво што се осудува толку убав и интимен чин меѓу мајка и дете.

Сепак, фотографијата предизвика низа бурни реакции и расправи, како и многу коментари на Instagram. Иако многумина ја поддржуваат нејзината желба подолго да ја дои ќерката, има и такви кои се згрозени од фактот дека таа сè уште го дои детето и тоа јавно го прикажува.