Home Актуелно Со двотретинско мнозинство изгласан законот за ново Министерство за политички систем

Со двотретинско мнозинство изгласан законот за ново Министерство за политички систем

Собранието на Северна Македонија со двотретинско мнозинство, поточно 80 гласа „за“, ги усвои измените на законот за Влада и законот за организација и работа на органите на државната управа, со кои се формира ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Со усвоените законски измени ќе се укине Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Во образложението за потребата од ново министерство, предлагачите наведуваат дека со Законот за употреба на јазиците се исполнуваат обврските од Рамковниот договор и дека за имплементацијата е потребна поголема координација, во смисла на предлагање закони и сл. што е ингеренција на министерство , а не на секретаријат.

Покрај обврските новото министерство ќе го преземе и кадарот од околу 1.700 вработени од секретаријатот. Законот е предвидено да стапи на сила од 1 јуни 2019, а министерот ќе се бира по изборите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…