Со државни субвенции за придонеси ќе се стимулира покачување на платите на работниците


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со 39 милиони евра буџетски пари државата ќе го поттикнува приватниот бизнис сектор да ги покачи платите на работниците. Државата ќе ги покрива давачките за придонеси за зголемување на работничките плати од 600 до 6.000 денари.

Платата ја покачува бизнис секторот но државата ги субвенционира придонесите се со цел да го олесниме покачувањето и помалкју да ги чини работодавачите самото покачување. Притоа не ги празниме фондовите, тоа е многу важно дека фондовите ги добиваат своите приливи кои ги очекуваат, рече Царовска.

Дел од бизнисмените апелираат да не се заобиколуваат законите.

„За оние кои ќе сакаат поштено да работат добиваат морков, значи добиваат одредени субвенции, а они што сакаат да го изигруваат законот особено оние кои враќаат назад пари на рака треба да има зајакната инспекција и ние како работодавачи сме против таквите работодавачи зошто го рушат угледот на сите работодавачи во Македонија“, вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи на Македонија.

УЈП со повик до работниците и компаниите да ги пријават газдите кои ги заобиколуваат законите. Особено газдите кои бараат од работниците да вратат дел од минималецот.

Надлежноиста е кај државниот трудов инспекторат. Ние може да постапуваме во делот на даночните затајувања. Некогаш имаме заеднички контроли со Државниот трудов инспекторат и тие даваат соодветни резултати, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Владата очекува 25 проценти или околу 120.000 работници да добијат повисоки плати, а тука влегуваат и тие на кои ќе им се зголеми минималецот. Субенциите за повиксоки плати ќе важат од ноемвриската плата, а повисокиот минималец за 2.000 денари работниците ќе го добијат со декемвриската плата во јануари.