Со документ во рака Путин тврдеше: „Ова е мировен нацрт-договор кој Украина го потпиша во 2022 година, а потоа го прекрши“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На состанокот кој го имаше со групата африкански лидери во Санкт Петербург, претседателот на Русија, Владимир Путин, покажа наводен нацрт на договор со Украина за кој тврди дека е подготвен во март 2022 година во Истанбул, пренесе руската новинска агенција Тасс.

„Би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека со помош на турскиот претседател Таип Ердоган, како што знаете, во Турција се одржаа серија разговори меѓу Русија и Украина со цел да се разработат мерките за градење доверба и да се изготви текстот на договорот. Не разговаравме со украинската страна дека овој договор ќе биде таен, но никогаш не го презентиравме ниту коментиравме. Овој нацрт-договор беше парафиран од шефот на преговарачкиот тим во Киев. Таму го стави својот потпис. Еве го“, рече рускиот претседател, покажувајќи ѝ ја хартијата на африканската делегација.

„Нацрт-договорот беше наречен Договор за постојана неутралност и безбедносни гаранции на Украина“, додаде Путин.

Киев не реагираше на неговите коментари.

„Украина го отфрли мировниот договор штом Русија го исполни барањето и ги повлече војниците од Киев“, тврди Путин, додавајќи: „Каде се гаранциите дека нема да се откажат од кој било друг договор во иднина?“.