Вебкафе

Со цврст карактер и самодоверба против врсничкото насилство (видео)

Доколку вашето дете трпи насилство во училиштето или во населбата во која живее, помогнете му да научи како да се одбрани од насилниците.

Личностите, кои во детството и во училишниот период биле жртви на врсничко насилство често сведочат дека најтешката работа за нив не била толку физичкото малтретирање, туку психолошката траума, која понекогаш останува целиот живот.

Ако вашето дете трпи насилство во училиштето или во населбата во која живее помогнете му уште веднаш, во сегашниот период од неговото детство да научи како да се одбрани, не дозволувајте да ги носи горчливите сеќавања од тој период целиот свој живот.

Врсниците насилници за изживување ги избираат оние деца, кои се плашат од агресија, кои не се подготвени да се спротивстават, кои се плашлили или кои се повлечени. Тие се хранат со туѓиот страв.

Научете го своето дете да се заложи за самото себе и се што му е потребно е да стекне здрава самодоверба.

Овој итнересен видео клип, кој е всушност реклама на компанијата American family insurance е добар пример за тоа.

Advertisements
To Top