Со чоколадо против кашлица – само немојте да претерате


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Професорот и шеф на катедра за кардиоваскуларни заболувања и болести на респираторниот систем на Унивезитетот Хул, Алин Морис, кој е основач на Меѓународното друштво за проучување на кашлицата, тврди дека чоколадото ја ублажува кашлицата и дишните проблеми.

Лекарот додал дека за тоа има и прилично цврсти докази. Пишувајќи за MailOnline, Алин кој поминал години истражувајќи ја кашлицата, вели дека резултатите од неодамнешното истражување за ефектите од лекот кој оди без рецепт а во својата содржина има какао биле подобри од оние на стандардниот сируп против кашлица.

Истражувањето кое е спроведено на 163 лица открило дека пациентите кои земале лек на база на чоколадо ја подобриле својата состојба со кашлицата за само два дена.

Сепак, ова не е прва студија која сугерира дека чоколадото може да ја смири кашлицата.

Истражувачите од Империал Колеџ во Лондон откриле дека теобромин, алкалоидот во какаото, е подобар за сузбивање на нагонот за кашлање отколку кодеинот – состојка која често се користи во лековите против кашлица.

Главно, според професор Алин Морис, сѐ се сведува на „благотворните својства“ на чоколадото – со други зборови, лепливо е, што значи дека формира облога на нервните завршетоци на грлото, потиснувајќи ја потребата за кашлање.