Home Вебкафе Со автомобил влета во толпа луѓе кои славеа победа на опозицијата во Црна Гора – го извлекоа од возилото и му удрија ќотек (снимка)

Со автомобил влета во толпа луѓе кои славеа победа на опозицијата во Црна Гора – го извлекоа од возилото и му удрија ќотек (снимка)

Во инцидент кој се случи во близина на еден кружен тек во црногорскиот град Никшиќ, неколку лица се повредени откако возач на автомобил БМВ удрил во група на луѓе кои ја прославувале изборната победа на опозицијата на вчерашните избори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crna Gora / Црна Гора (@nasa_crna_gora) on

Од полициската управа соопштија дека има повеќе повредени, додека едно лице е во тешка состојба после инцидентот. Предниот дел на автомобилот е целосно уништен, што најдобро сведочи за силината на ударот. Изреволтираната група го извала возачот од возилото и физички го нападнале – ситуација која, исто така, е фатена на снимка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crna Gora / Црна Гора (@nasa_crna_gora) on

На социјалните мрежи се појави и видео кое е направено непосредно после инцидентот во вториот град по големина во Црна Гора.

Да потсетиме, споре резултатите од вчерашните избори, опозицијата освои мнозинство мандати, што значи дека Демократската партија на Мило Ѓукановиќ после 30 години се сели во опозиција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Шест години без Карл Лагерфелд: Најпознатите цитати на модниот гениј

“`html Карл Лагерфелд беше уникатен во секој аспект од својот живот Неповторлив, дух…